Инфо

За мене

Здраво, добредојдовте во Еригон, местото каде што се создаваат модерни дизајни. Јас сум 32 годишен фриленс графички дизајнер, кој работи во своето домашно студио во Битола, Македонија. Имам 7+ години работно искуство.

Моја специјалност се корисничките интерфејси, но исто така работам на брендинг, печатен дизајн и дизајн на презентации. Исто така сум активен во заедницата за продажба на графички ресурси, па ако сте обожавател на квалитетни графички ресурси, ова е исто така местото за вас.

Со работа како графички дизајнер започнав во 2008 година, после напуштањето на претходната работа како развивач на софтвер. Дизајнот бил отсекогаш моја пасија и тоа беше единствената причина да ја напуштам сигурноста на редовната работа и да се впуштам во непознатите и непредвидливи води на фриленсингот.

Љубител сум на едноставни, модерни и практични дизајни, но исто така на дизајни кои го издржуваат тестот на времето. Мое мислење е дека добриот дизајн треба да истрае, без разлика на периодот или моменталните трендови. Како дизајнер сум имал влијание од многу работи низ годините. Архитектурата, индустрискиот дизајн, уметноста, музиката, филмот, истражувањето на вселената, научната фантастика се само дел од обласите кои отсекогаш го привлекувале моето внимание.

Мојот пристап кон дизајнот е создавање на квалитетни, чисти, елегантни и практични продукти. Посветувам големо внимание на деталите, но од друга страна никогаш не заборавам на корисничкото искуство. Мое мислење е дека за еден дизајн да успее, треба да има добар баланс помеѓу визуелната привлечност и позитивното корисничко искуство.

За било какви прашања можете да ме контактирате на следната е-пошта: info(at)erigon.com.

Ви благодарам на посетата!
Владе

Услуги

Веб

Присуството во веб просторот е повеќе од неопходно за секој бизнис. Квалитетниот и добро осмислен дизајн ќе ви помогне да воспоставите подобра комуникација со вашите клиенти. За едно мрежно место да биде успешно, тоа треба да биде едноставно, убаво и лесно за користење, додека навигацијата треба да се одвива лесно и без многу напор.

Мобилни апликации

Користењето на мобилните уреди во последните неколку години забележа огромен раст. Интеракцијата помеѓу корисникот и компјутерите се менува и се движи кон попреносливи решенија. Ако сакате да го претставите вашиот бренд во најдобро светло, ви треба квалитетно мобилно решение.

Брендинг и идентитет

Клучот за успешен бизнис е добро осмислен брендинг. Во денешниот динамичен свет на рекламирање, отскокнувањето од другите е вистински предизвик за една компанија. Квалитетиот брендинг треба да има добар баланс помеѓу повеќе карактеристики. Препознатливоста, истрајноста, меморабилноста, сестраноста и атрактивноста се само неколку од нив.

Печатен дизајн

Во денешната ера на паметни телефони, таблети и разни други дигитални уреди, многу лесно забораваме на хартијата. Во динамичниот и презаситен дигитален свет, рекламите многу лесно го губат своето значење. Вашите клиенти секогаш ќе се зближуваат и ќе му даваат повеќе вредност на вашиот бренд преку печатените медиуми.

Презентациски шаблони

Презентациите треба да бидат едноставни, суштински и да будат интерес кај публиката. На гледачите на презентацијата може многу лесно да им се здосади. Сите тие параграфи со текст и евтини илустрации нема да бидат од помош. Вашиот бренд заслужува презентација која ќе биде концизна и ќе го привлече вниманието на гледачот.